• e martë, 10 shkurt 2026

Над девет милиони денари за културата во Гевгелија во 2026 година

Над девет милиони денари за културата во Гевгелија во 2026 година

Гевгелија, 10 февруари 2026 (МИА) - Откако во 2025 година Гевгелија ја понесе титулата Град на културата, Општина Гевгелија годинава предвидува зголемени средства за поддршка и развој на културните активности.

Според Годишната програма за финансирање програми и проекти од областа на културата, за културни манифестации и творештво ќе бидат издвоени околу 9,6 милиони денари.

Најмногу средства, односно 2.150.000 денари, се наменети за фестивалот „Вкуси го југот“, кој веќе три години по ред се одржува како културно-забавна манифестација со подготовка на традиционални гевгелиски специјалитети и настапи на македонски изведувачи.

По нив следи ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“ со 1. 500.000 денари, интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“ за кој се одобрени 800.000 денари и ЈОУ Дом на култура „Македонија“ со 400.000 денари.

Промоторите на македонскиот фолклор, ансамблот за традиционална музика и игри „Бојмија“ ќе добијат 210.000 денари, а КУД Танец – Миравци и КУД Негорци од Негорци по 150.000 денари.

Во програмата се финансирани и активностите на градската библиотека „Гоце Делчев”, градскиот мешан хор „Гортинија”, „Бош фестивал” и други културни манифестации и настани. рш/дма/

Фото: МИА

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR