• e mërkurë, 11 shkurt 2026

СДСМ: Корупцијата цвета

СДСМ: Корупцијата цвета

10 февруари 2026

Граѓаните секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени., 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта....

5 тони дрога преку граница, се случи најголемиот нарко -скандал во регионот со дрога од Макеоднија која била шверцувана во Србија.

Наместо реформи во правосудството власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ.

Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта.

Сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година. 

Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните.

СДСМ

QËNDRONI TË LIDHUR