• e premte, 04 tetor 2024

Мурал „Книгите – паметници на македонското слово“ во Демир Хисар

Мурал „Книгите – паметници на македонското слово“ во Демир Хисар

Демир Хисар, 2 октомври 2024 (МИА) - Во Општина Демир Хисар заврши изработката на мурал со наслов „Книгите – паметници на македонското слово“, поставен на северниот дел од зградата на Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар.

Муралот е дело на ликовниот уметник и професор по ликовна уметност Дијана Колонџоска и нејзините ученици, членови во ликовната секција на ООУ „Гоце Делчев“ и членови на ликовно творечките активности во ООУ „Крсте Петков Мисирков“.

- Муралот е посветен на роднокрајните демирхисарски писатели кои со нивните дела придонеле за зачувување и афирмирање на македонското слово, информираа од тамошната локална самоуправа. мт/мд/

Фото: Општина Демир Хисар

QËNDRONI TË LIDHUR