• e diel, 28 korrik 2024

Мултимедијален настан „Уметност и музика“ и фолклорен концерт во Крива Паланка 

Мултимедијален настан „Уметност и музика“ и фолклорен концерт во Крива Паланка 

Крива Паланка, 27 јули 3024 (МИА) - На програмата на манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата“ вечер се два настана, едниот во организација на Градскиот музеј, мултимедијален настан „Уметност и музика“, а љубителите на фолклорот ќе можат да го проследат целовечерниот концерт на Културно-уметничкото здружение „Фолклористи“.

Во Градскиот музеј Крива Паланка со почеток во 20 часот ќе се одржи мултимедијалниот настан што ги обединува различните изрази на ликовната уметност и музиката: изложба на дела од млади уметници создадени на уметничките работилници за графика, сликарство и скулптура, реализирани под менторство на академските автори и творци Нела Јанковска, Анета Стојчевска, Роберт Цветковски и Стефан Младеновски. Ќе има и музички настап на џез составот „Гордан Спасовски трио“.

Делата се креирани на повеќедневни работилници со врвните кривопаланечки академски уметници, вечер ќе бидат поставени во галеријата на Музејот, а ќе останат во постојаната збирка на Градската галерија при Музејот.

Целовечерниот концерт на КУЗ „Фолклористи“ ќе опфати настап на бројните играорци, играорки и инструменталисти, достојни репрезенти на кривопаланечката и македонска традиција и фолклор во земјава и странство. Настапот на младите чувари на изворниот и стилизиран фолклор, на традицијата и битот ќе се одржи на плоштадот „Карпошово востание“, со почеток во 20 часот.

Двата настани се дел од „Кривопаланечко културно лето 2024“ и „Крива Паланка - Град на културата“. ид/мд/

Фото: МИА архива 

 

QËNDRONI TË LIDHUR