• e mërkurë, 23 korrik 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Музеј на џоломари, хранилки за мачиња, Општина Кавадарци потпиша договори со здруженија за реализација на проекти

Музеј на џоломари, хранилки за мачиња, Општина Кавадарци потпиша договори со здруженија за реализација на проекти

Кавадарци, 24 јуни 2025 (МИА) - Музеј на џоломари, хранилки за улични мачиња, Општина Кавадарци денеска потпиша договори со здруженија, за реализација на проекти.  

- Општината обезбеди два милиона денара за поддршка на здруженија, на територијата на општината Кавадарци. Беа поднесени апликации за 24 проекти, одобрени се 18, во вредност од еден милион и 920 илјади денари. Се работи за активности во различни области, заштита на населението, култура, спорт и други сегменти од општественото живеење, појасни градоначалникот Митко Јанчев. 

Тој додаде дека во делот на секторот за локалниот економски развој, се работи за поддршка за изработени  програми, во интерес на заедницата и развојот во повеќе сегменти од локалната самоуправа.  

Градоначалникот потсети дека имаат подолгорочна соработка со овие здруженија. 

- Не се сомневаме во успехот. Поддршката ќе продолжи и понатаму, нагласи Јанчев. 

Секретарот во Општината, Тодор Ефремов подвлече дека станува збор за интересни проекти, со придонес кон заедницата од повеќе аспекти. свд/

Фото: МИА 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR