• e shtunë, 13 dhjetor 2025

Москва реагира на изјавата на Трамп за „колапс“ на руската економија

Москва реагира на изјавата на Трамп за „колапс“ на руската економија

Москва, 15 октомври 2025 (МИА) – Москва денеска реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека наводниот недостиг на бензин во Русија е показател дека руската економија ќе се сруши..

Трамп вчера изрази разочарување од рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека тој не е склон да го прекине конфликтот во Украина.

На изјавата на американскиот претседател одговори рускиот вицепремиер Александар Новак, кој изјави дека на домашниот пазар во Русија постои стабилно снабдување со бензин.

- Имаме стабилно внатрешно снабдување со бензин, не гледаме проблеми во тој поглед, истакна Новак.

Вицепремиерот додаде дека се одржува балансот меѓу производството и потрошувачката. - Ние, како Влада и како поединечни министри, правиме сè што е можно за да се осигураме дека тоа ќе остане така, рече Новак. ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR