• e diel, 05 janar 2025

Москва исклучува можност Германија да добие постојано место во Советот за безбедност на ОН

Москва исклучува можност Германија да добие постојано место во Советот за безбедност на ОН

Москва, 3 јануари 2025 (МИА) - Москва категорично ја отфрла амбицијата на Германија за постојано место во Советот за безбедност на ОН, сооопшти рускиот претставник во ОН, Василиј Небензја, во интервју емитувано денеска на руската државна телевизија.

- Ако Советот се реформира, одредени земји никогаш нема да станат постојани членки, дури и ако тоа го сакаат, рече рускиот дипломат, пренесува ДПА.

- Посебно мислиме на Германија и Јапонија, додаде тој.

Дискусиите за реформа на Советот за безбедност траат со години во рамките на ОН.

Индиските и африканските земји, исто така, се надеваат на постојано место во овој орган. Сепак, германската влада подолго време се стреми кон тоа.

Русија некое време се сметаше за потенцијален поддржувач на таквата реформа, но тензиите меѓу Москва и Западот драстично се зголемија последните години поради инвазијата врз Украина. ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR