Мората хоспитализиран поради повреда на главата
- Шпанскиот напаѓач на Милан, Алваро Мората е хоспитализиран поради повреда на главата за време на денешниот клупски тренинг, соопшти италијанскиот клуб.
- Post By Емил Гашевски
- 17:15, 7 nëntor, 2024
Милано, 7 ноември 2024 (МИА) – Шпанскиот напаѓач на Милан, Алваро Мората е хоспитализиран поради повреда на главата за време на денешниот клупски тренинг, соопшти италијанскиот клуб.
„Мората на утринскиот тренинг претрпе сериозна траума на главата при судир со соиграч. Веднаш беше пренесен во болница, каде резултатот од магнетната резонанца беше негативен, но ќе остане на опсервација во болницата, како што налага протоколот во слични случаи“, соопшти Милан.
Според италијанскиот печат, капитенот на шпанската репрезентација се повредил при судир со српскиот дефанзивец Страхиња Павловиќ. Се претпоставува дека нема да настапи на натпреварот од 12. коло на италијанскиот шампионат в сабота против Каљари.
Откако ова лето се врати во Серија А од Атлетико Мадрид, Мората (32) постигна три голови на 12 натпревари во сите натпреварувања, вклучително и еден во победата на Милан со 3-1 во Лигата на шампиони над Реал Мадрид во вторникот. ег
ФОТО: ЕПА