• e martë, 16 dhjetor 2025

МОК и Општина Карпош заеднички го одбележаа Олимпискиот ден со учениците од ООУ „Војдан Чернодрински“

МОК и Општина Карпош заеднички го одбележаа Олимпискиот ден со учениците од ООУ „Војдан Чернодрински“

Скопје, 16 декември 2025 (МИА) - Во знакот на пријателството и олимписките вредности, Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Општина Карпош денеска во ООУ „Војдан Чернодрински“ успешно го организираа настанот „Олимписки ден 2025“.

Како што информираат организаторите, настанот го отвориле првите луѓе на двете институции, испраќајќи порака за важноста на спортот во развојот на младите.

Градоначалникот Сотир Лукровски истакнал дека општината останува посветена на својата стратегија за поддршка на младите.

-Општина Карпош ќе продолжи интензивно да инвестира во спортот и здравјето на најмладите. За нас, спортската култура подразбира активен и здрав живот, што е од огромно значење за секое дете од училишна возраст. Карпош е и ќе остане дом на спортот, рекол Лукровски.

Претседателот на МОК, Даниел Димевски, упатил посебна благодарност до градоначалникот за извонредната соработка и гостопримството во оваа, како што ја нарече, „Олимписка општина“.

-Чест е да се биде овде, во средина која на македонскиот спорт му дала многубројни врвни спортисти и олимпијци. Олимпизмот е повеќе од натпревар – тоа е етика, дружење и почит. Благодарност до градоначалникот Лукровски за поддршката на овие вредности и што Карпош се потврдува како силен партнер на олимпиското семејство, изјавил тој.

Денот, како што с енаведува во соопштението, беше исполнет со натпревари во фудбал, одбојка и кошарка помеѓу учениците од „Војдан Чернодрински“, „Вера Циривири“ и „Христијан Тодоровски Карпош“, како и со изложба на творби на тема олимпизам.

Како поддршка за училишниот спорт, МОК донираше и спортска опрема за училиштето. Дополнително, претседателот Димевски реализира работна средба со наставниците и тренерите од општината, разговарајќи за нови стратегии преку кои олимпискиот дух и спортските вредност ќе станат секојдневие во училиштата во Карпош, се посочува во соопштението.свс/вј/

Фото: Општина Карпош

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR