Можни кратки прекини на водоснабдувањето во село Бојане поради чистење на резервоарот
- Двете комори во резервоарот Бојане ќе се чистат и дезинфицираат од утре до 6 март, во периодот од 8 до 13 часот.
- Post By Хатка Смаиловиќ
- 13:15, 2 mars, 2026
Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Двете комори во резервоарот Бојане ќе се чистат и дезинфицираат од утре до 6 март, во периодот од 8 до 13 часот.
ЈП „Водовод и канализација“-Скопје соопшти дека е можно да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во селото Бојане во општина Сарај. хс/вј/
Фото: МИА архива