• e martë, 03 mars 2026

ОЈО: Се прибираат докази и се сослушуваат сведоци по трагедијата во Карпош каде мајка и дете беа најдени мртви по пад од зграда

ОЈО: Се прибираат докази и се сослушуваат сведоци по трагедијата во Карпош каде мајка и дете беа најдени мртви по пад од зграда

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на местотот во скопски Карпош, каде што по пад од висококатница починаа жена и малолетно дете.

Од Јавното обвинителството вечерва информираа дека јавниот обвинител наредил обдукција на телата на починатите, како и прибирање траги и други материјални докази со цел целосно расветлување на настанот. 

-Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот, посочуваат од ОЈО.

Од Обвинителството најавуваат повеќе детали од дејствијата во текот на утрешниот ден

Мајка и дете попладнето паднале од балкон во Карпош. Случајот во полицијата бил пријавен во 14:15 минути. Настанот се случил во зградите кај поранешна Алумина. фф/са/

Фото: МИА Архива

QËNDRONI TË LIDHUR