• e diel, 27 prill 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

8 април 2025

Њујорк - Советот за безбедност на ОН на седницата за Косово ќе го разгледа новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за работата на мисијата УНМИК.

Сараево - За време на посетата на БиХ, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ќе се сретне со командантот на мисијата ЕУФОР, Флоријан Марјан Барбу, а потоа со претседавачката на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто, членовите на Претседателството на БиХ и министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ.

Тирана -  Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас во посета на Албанија.

Белград - Во 9:00 часот пред Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН во Србија конференција за новинари на движењето „Крени-промени“ по повод предавањето на петиција со речиси 600.000 потписи со која се бара меѓународна истрага за наводната употреба на звучно оружје на студентскиот протест на 15 март во Белград.

Москва - Руските пратеници гласаат за договорот за стратешко партнерство меѓу Русија и Иран.

Москва - Консултации меѓу претставници на Русија, Кина и Иран за иранското нуклеарно прашање.

Токио - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја започнува дводневната посета на Јапонија.

Бајконур - Полетување на вселенскиот брод „Сојуз МС-27“ со четворица руски космонаути.

 

QËNDRONI TË LIDHUR