МИА Најави МКД
- 8 април 2025

8 април 2025
Скопје - Седница на Собрание на Република Северна Македонија. (Сала „Македонија“ /11:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на првата седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата. (Свечена сала на Владата /10:30)
Скопје - Прес-конференција на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити по повод објавата на Јавниот конкурс за распределба на средства од Програмата за инвестирање во животната средина за 2025 година. (Медија-центар на Владата /11:00)
Скопје - Министерот за правда Игор Филков ќе оствари билатерална средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ. (Изјави за медиуми во прес-центарот на Министерството за правда /11:00)
Скопје - Меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир: Сеќавање на минатото, обликување на иднината“, во организација од Кабинетот на поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов,. (х. „Хилтон“ /10:00)
Охрид - Регионалната конференција за млади „Патишта до млади, мир и безбедност и жени, мир и безбедност: Регионални перспективи, искуства и знаења“. (х. „Белви“, Изјави за медиуми на самиот почеток на конференцијата /14:00)
Скопје - По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, отворање на првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи. (Општинска зграда на Шуто Оризари /10:00)
Скопје - Прес-конференција на Коалиција Менуваме. (Општина Аеродром /13:30)
Скопје - Друштвото на писателите на Македонија и Издавачката куќа „Макавеј“ ќе ја промовираат книгата „На врв од острицата“ од Сузана В. Спасовска. (Свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија /19:00)
Скопје - Отворање на изложбата насловена „Форми во лет, меѓународни уметници во француски колекции“. (Музеј на современа уметност - Скопје /20:00)
Прилеп - Промоција на книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“, приредена од проф. д-р Јованка Кепеска, а која е издание на „Македоника литера“. (Градска библиотека „Борка Талески“)
Скопје - Ревијална изложба на 60 аналогни автори од Европа. (КСП Центар – Јадро /20:00)
Скопје - Прес-конференција по повод претстојниот Европски младински олимписки фестивал - ЕМОФ Скопје 2025. (Мала конференциска сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ /11:00)
Скопје - Свечено отворање на Националната Иницијатива за развој на AI вештини- AI FEST 2025. (Катна гаража Солунски Конгрес /9:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***