
20 февруари 2025
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/10:00)
Скопје - Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги одржи 20-тата и 18-тата седница. (Сала 5/11:30, Сала „Борис Трајковски“/13:00)
Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 5/12:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/12:00)
Скопје - Пратениците Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил ќе остварат средба со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин. (Струшка сала/14:30)
Скопје - Заменик претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, Даме Димитровски од Кабинетот на претседателот на Владата, одговорен за Зелениот климатски фонд и проект менаџерот во Канцеларијата на ГИЗ во Скопје, Марк Барет ќе присуствуваат и ќе се обратат на завршниот настан на проектот „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија“. (х.„Холидеј ин“/9:30)
Прилеп - Министерот за здравство Арбен Таравари и заменик министерот Јовица Андовски ќе ја посетат Општата болница во Прилеп по повод промоција на нова медицинска опрема. (Општа болница/11:00)
Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска ќе се обратат на манифестацијата по повод одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје. (Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, амфитеатар/13:00)
Штип - Универзитетот „Гоце Делчев“ организира настан по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. (Правен факултет/12:00)
Битола - Инфо денови во рамки на кампањата за информирање на граѓаните за јавниот повик од ИПАРД Програмата 2021-2027 за мерката 1. (Општина Новаци/11:00, Општина Могила/14:00)
Скопје - Коалицијата „Маргини“ ќе одржи брифинг на тема „Замрзнување на средствата на USAID“. (Јавна соба/09:00)
Скопје - Националниот џез оркестар ќе одржи концерт насловен Cuban Fire (Филхармонија/20:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***