17 април 2026
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник за доградба на ООУ „Страшо Пинџур“ во населеното место Даме Груев, Општина Ѓорче Петров. (09:30 / предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми / локација: https://maps.app.goo.gl/okF1BnvwBa8qFjwf6 )
Конче - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, ќе посети населени места во општина Конче. (населено место Конче/18:00, населено место Лубница/19:00)
Дебар - Министерот за здравство Азир Алиу ќе ја посети Општа болница Дебар, по повод промовирање на пилот проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологија во Дебар. (13:00)
Скопје - Прес-конференција по повод отпочнувањето на меѓународниот проект „Безбедни жици за загрозени птици“, во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД) и ЕВН Македонија. (Europe House Skopje/10:00)
Охрид - Информативна сесија „Фер ангажман“, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица. (Општина Охрид, сала на Совет/10:00)
Софија - Претставување на Националниот конзерваторски центар - Скопје и промоција на книгата „Човекот, културата и влогот во сопствената култура“. (Културно-информативен центар, ул.„Обориште“ бр.7/18:30)
Скопје - Промоција на најновото документарно видео на БужАр: Тетратките за снимањата на Оркестарот на народни инструменти на Радио Телевизија Скопје, 1972–1985. (КСП Центар -Јадро/20:00)
Скопје - Промоција на биографската книга „Фудбал под сенка“, посветена на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, во авторство на новинарот Срѓан Ивановиќ. (Книжарница „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“/20:00)
Скопје - „Булевар Ослободување бр. 2026“, низа културни настани во организација на издавачката куќа „Булевар Ослободување“.од Скопје. (Во новата „Буква“, на аголот помеѓу улицата „Рузвелтова“ и Булеварот „Теодосиј Гологанов“/19:00)
Тирана - Настап на Камерниот оркестар Профундис и пијанистката Ема Попивода на свеченото отворање на интернационалниот „Мјуз-Екс Експо фестивал“.
_________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***