• e hënë, 14 prill 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски
МИА Најави МКД

7 април 2025

Скопје - Седница на Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6 /10:00)

Скопје - Посета на амбасадорката на Украина Лариса Дир. (Канцеларија бр. 214 /10:00)

Скопје - Седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 5 /11:00)

Скопје - Прес-конференција на пратеникот Амар Мециновиќ. (Прес-центар /11:00)

Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 6 /11:15)

Скопје - Посета на студенти-питомци на Воената академија „Михајло Апостолски“. (Сала „Борис Трајковски“ /12:00)

Скопје - Прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на ФЗО Сашо Клековски. (Медија центар на Влада /11:30)

Скопје - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити е домаќин на Рамсарска советодавна мисија, за препораки како соодветно да се справиме и управуваме со Преспанското езеро и природниот парк Езерани кои се на листата на заштитени рамсарски подрачја од 1996 година. (Просториите на МЖСПП /10:00) 

Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со заменик-министерот Седат Сулејмани ќе престојуваат во работна посета на општина Гостивар. (Изјави за медиуми Старата џамија во Равен /12:30)

Скопје - Свечен настан по повод Меѓународниот ден на Ромите во организација на Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу. (Националната опера и балет /19:00) 

Скопје - Свечен собир на Македонското лекарско друштво по повод 7 Април - Светскиот ден на здравјето. (х. „Холидеј ин“ /13:00)

Скопје - Промоција на тритомното издание Кочо Рацин (1. Поезија, 2. Проза и публицистика, 3. Животопис на Рацин). (Амфитеатар на МАНУ /13:00)

Скопје - Специјално мултимедијално предавање „Музика и Политика” на поранешниот претседател на Република Хрватска, проф. д-р Иво Јосиповиќ. (Меѓународен Балкански Универзитет / 17:00)

Скопје - Промоција на преводот на македонски јазик на романот „Пронајденото време“ (том 2), последната книга од циклусот „Во потрага по загубеното време“ од Марсел Пруст. (Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, сала за седници /12:00)

Скопје - Детски културен центар „Карпош“ организира крос трката по повод Меѓународната недела на здравјето. (Трката ќе се одржи на тартан патеката во Градскиот парк со почеток во 11:00 часот)

Скопје - Затворена проекција на документарниот филм „Шабан Бајрамовиќ - Моето патување“. (Cineplexx, Сити мол /12:00) 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

QËNDRONI TË LIDHUR