МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 24 ноември 2024
24 ноември 2024
Скопје – „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“, централен настан на ОБСЕ во рамките на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство на кој ќе се обратат претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерката за образование Весна Јаневска. (Лабораториум/12:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова училишна сала во ООУ „Наум Охридски“ во населеното место Булачани, Општина Гази Баба. (11:15)
Охрид - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски ќе извршат увид во изградбата на автопатот Охрид-Кичево. (Во близина на црквата Свети Еразмо/12:30)
Скопје – Конгрес на СДСМ. (х. Александар Палас/13:00)
Тетово - Движењето БЕСА ќе ја одбележи 10-годишнината од основањето. (Центар за култура во Тетово/18:00; пред почетокот на настанот изјава за медиумите ќе даде претседателот Билал Касами)
Скопје - Секцијата на фризери при Занаетчиска комора Скопје традиционално ќе одржи Бербер шоу на фризери по повод Месецот на машкото здравје-Movember. (Дајмонд Мол/11:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***