16 февруари 2026
Скопје - Седмичен неформален брифинг на претседателот на Собранието Африм Гаши со новинари. (Сала на Уставна комисија/11:30)
Скопје - Средба на шведскиот амбасадор, Ола Сулстром со потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. (Канцеларија 16/10:00)
Скопје - Јавна расправа по конечниот извештај на ДЗР за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”. (Сала „Борис Трајковски“/10:45)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала 6/12:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/12:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 6/13:00)
Скопје - Прес-конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче. (Седиште на СДСМ/12:00)
Скопје - Јавна промоција и дебата на публикацијата „На патот кон Европската Унија – иницијативи за регионална соработка на државите од Западен Балкан“ од проф. д-р Јулија Брсакоска Базеркоска, во организација на Институтот за прогресивна промена и општествени студии – Скопје. (х. Панорамика, конференциска сала „Сина соба“/11:30)
Скопје - Прес-конференција на Сојузот на синдикатите на Македонија. (Работничкиот дом на ССМ на 10-ти кат/12:30)
Штип - Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, придружуван од членовите на Управниот одбор на Комората ќе престојува во Штип, каде ќе го посети државниот Универзитет “Гоце Делчев”, каде ќе има заедничка средба со ректорот проф. д-р Дејан Мираковски и со градоначалникот на Општината, Иван Јорданов. (изјави за медиумите во Ректоратот на УГД Штип/ 13:30)
Скопје - Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ќе го презентира статистичкиот преглед за пристигнати и обработени жалби за медиумски содржини во 2025 година, како и за најчесто прекршуваните членови од Кодексот на новинарите. (СЕММ/11:00)
Скопје - Брифинг околу дополнувањата на Законот за здравствена заштита по скратена постапка: „Зошто укинувањето на дискреционото право не е доволно?”, во организација на балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ и „Замисли“. (Ресторан „Кантина“/11:00)
__________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***