Панчевски ја објави потврдата од Основниот кривичен суд дека го исполнува условот за државен јавен обвинител
- Неговата реакција доаѓа откако денеска Советот на јавни обвинители ја одби неговата кандидатура за државен јавен обвинител затоа што не го исполнувал условот - 10 години непрекинат работен стаж како судија или обвинител во областа на кривичното право. Потврдата што Панчевски ја објави покажува дека го задоволува условот што од него се бара за избор на државен јавен обвинител.
- Post By Дарко Јаневски
- 17:31, 17 shkurt, 2026
Скопје, 17 февруари 2026, (МИА) -Чисто заради сите вас што ме поддржавте во оваа трка за правда! Историјата бележи! Ви благодарам на сите вас, добронамерни луѓе и пријатели желни Македонија да стане правна држава! - објави пред малку на ФБ екс претседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски.
Неговата реакција доаѓа откако денеска Советот на јавни обвинители ја одби неговата кандидатура за државен јавен обвинител затоа што наводно не го исполнувал условот - 10 години непрекинат работен стаж како судија или обвинител во областа на кривичното право.
Потврдата што Панчевски ја објави покажува дека го задоволува условот што од него се бара за избор на државен јавен обвинител.

Во нејзе стои:
„ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ, потврдува дека лицето
Владимир Панчевски бил во редовен работен однос на неопределено време во овој суд, на работно место - Судија од 08.02.2008 година до 28.07.2020 година и има вкупен непрекинат судиски стаж во овој суд од
12 години, 5 месеци и 20 дена.
Во текот на судискиот стаж лицето Владимир Панчевски како судија постапувал во Одделението за организиран криминал и корупција,
Одделот за претходна постапка и Одделот за прекршоци, а истиот беше и Претседател на Основниот Кривичен суд Скопе.
Потврдата се издава на негово барање.“
На потврдата е потпишан Дејан Нешовски како судски администратор на скопскиот Основен кривичен суд.

Фото: Владимир Панчевски ФБ