• e premte, 18 tetor 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

18 октомври 2025 

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување камен-темелник на ново ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто. (10:30, предвидена е изјава за медиуми) 

Битола - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ќе присуствува на отворањето на подрачна канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во Општина Новаци. (Општина Новаци/12:30, изјави за медиумите/13:00)

Скопје - Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Томсон медија и Делегацијата на Европската Унија во Скопје, ќе ја доделат Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2024 за најдобра истражувачка сторија во Северна Македонија. (Europe House/19:00)

Охрид - Одбележување 30 години од формирањето на Ветеринарна комора на РСМ. (х.„Инекс Олгица“/18:30)

Загреб - Балкански економски форум (БЕФ). (х.„Еспланада“/9:00)

Скопје - Трета конференција „Наука за деца“ во организација на Фондација КАНТАРОТ. (Меѓународно училиште НОВА/19:00)

Скопје - Прво одбележување на Светскиот ден на поправки во организација на АРНО во соработка со Општина Кисела Вода. (ул. „Ѓорѓи Сугаре“ 14, Кисела Вода/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Демократската унија за интеграција. (Седиште на Демократската Унија за Интеграција, Чаир/12:00) 

Скопје - Прес-конференција на која ќе се обратат директорот и актерите на ансамблот од Подгорица по повод настапот на актерите од Градско позориште Подгорица со претставата „Мислам дека треба да разговараме“. (Драмски театар/11:00)

Скопје - Прес-конференција на dm drogerie markt. (х.„Мериот“/11:00)

Скопје - „Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“, настан во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ. („Литература.мк“ во „Дајмонд мол“/19:00)

Скопје - Изложба на стрипови од стрип артист(к)и на тема „Кое е твоето чудо?“ и прогласување на победници од конкурсот „Преку уметност до родова еднаквост“. (Центар Јадро/11:00)  

Битола - Изложба на скулптури „Фигурации“ на Никола Смилков. (Офицерски дом/19:00)

Скопје - Отворање на 15. издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024. (Дом на АРМ/20:00)

Скопје - Концерт на пијано дуо Татјана Божиновска и Билјана Димовска. (Музеј на македонската борба/20:00)

________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR