• e martë, 17 shkurt 2026

МИА Најави-свет

МИА Најави-свет

17 Февруари 2026

Женева – Нова рунда дводневни преговори меѓу Русија, Украина и САД за ставање крај на војната во Украина.

Женева – Преговори меѓу САД и Иран со посредство на Оман.

Хаг – Пред Специјалниот суд во Хаг продолжува изнесувањето на завршните зборови на обвинителството и одбраната на судењето на поранешниот водач на ОВК, Хашим Тачи, и тројцата обвинети за воени злосторства на Косово и во Албанија 1998-99 година, до 18 февруари.

Њу Делхи – Продолжува петдневниот меѓународен самит за вештачка интелигенција.

Њу Делхи – Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во дводневна посета на Индија.

Брисел – Состанок на министрите за финансии на Европската Унија.

Берлин – Генералниот секретар на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), Као Ким Хурн, во дводневна посета на Германија.

QËNDRONI TË LIDHUR