Наскоро ќе биде пуштена во употреба поликлиниката во Илинден
- Се потенцира дека вредноста на инвестицијата изнесува 16 милиони денари.
- Post By Блаже Дарудов
- 16:50, 26 mars, 2025

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Поликлиниката во Илинден наскоро ќе биде пуштена во употреба, информираа попладнево од Министерството за здравство на нивната страница на „Фејсбук“.
Предвидено е поликлиниката во Илинден да обезбедува здравствени услуги за над 30.000 жители, на простор од околу 600 квадратни метри, каде ќе бидат сместени 14 ординации.
Вредноста на инвестицијата е 16 милиони денари.
Од Министерството појаснуваат дека со градоначалникот на Општината, Александар Георгиевски, била одржана координативна средба и се разговарало за финалните подготовки во пресрет на отворањето на Поликлиниката. бд/бак/
Фото: Министерство за здравство