• e mërkurë, 26 mars 2025

МЗ: Рехабилитацијата на пациенти со тешки изгореници може да ја извршува само специјализиран медицински кадар

МЗ: Рехабилитацијата на пациенти со тешки изгореници може да ја извршува само специјализиран медицински кадар

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Медицинската рехабилитација, особено кај пациенти со тешки изгореници и сериозни повреди, претставува строго регулирана здравствена дејност што може да ја извршуваат само здравствени установи и специјализиран медицински кадар. Несоодветната физиотерапија без медицинска проценка може да доведе до несакани последици по здравјето на пациентите, а таквите постапки се казниви според Законот за здравствена заштита, велат од Министерството за здравство.

Оттаму истакнуваат дека здравствениот систем располага со соодветни капацитети и стручен медицински кадар, подготвен да одговори на потребите за итна медицинска нега, рехабилитација и долгорочна физиотерапија.

- Ги повикуваме сите институции и медицински професионалци да продолжат со координирана и стручна работа, со цел да се обезбеди безбедна и квалитетна грижа за повредените, наведуваат од ресорното Министерство. бд/бак/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR