• e martë, 18 mars 2025

Мерц планира да ја предложи Јулија Клокнер за претседателка на Бундестагот

Мерц планира да ја предложи Јулија Клокнер за претседателка на Бундестагот

Берлин, 17 март 2025 (МИА) – Конзервативната парламентарна група на ЦДУ/ЦСУ на лидерот на Христијанско-демократската (ЦДУ) Фридрих Мерц планира подоцна денеска да ја предложи искусната политичарка Јулија Клокнер за следна претседателка на Бундестагот, јави ДПА повикувајќи се на свои извори.

Според ДПА, Мерц го соопштил ова на состанокот на партиската извршна власт во Берлин. Пред ова, водечките претставници на ЦДУ веќе ја поддржаа кандидатурата на Клокнер за клучната парламентарна улога.

Новоизбраниот Бундестаг ќе се состане на конститутивна седница на 25 март, кога со тајно гласање ќе се избира новиот собраниски претседател. Традиционално, оваа функција ја пополнува најголемата пратеничка група, која во новиот парламент е ЦДУ.

Претседателот на Бундестагот ја има втората највисока функција во државата по федералниот претседател, така што во протоколарна смисла тој има повисока функција во однос на канцеларот и претседателот на Горниот дом, Бундесратот.

Претседателот ги отвора и затвора седниците, свикува работи и им дава дозвола на пратениците да зборуваат.

Претседателка на Бундестагот во заминување е социјалдемократката Бербел Бас. јт/

Фото: Фејсбук на Јулија Клокнер

QËNDRONI TË LIDHUR