• e martë, 12 nëntor 2024

МЕПСО: Интензивни работни активности за изградба на 400/110 kV ТС Охрид

МЕПСО: Интензивни работни активности за изградба на 400/110 kV ТС Охрид

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Интензивни градежни активности се вршат на градилиштето во близина на селото Мешеишта каде се гради новата 400/ 110 kV трансформаторска станица Охрид. Стабилните временски услови овозможуваат компанијата изведувач да работи согласно планираниот динамички план, информираат денеска од МЕПСО.

На површина од 80 000 метри квадратни се изведуваат потпорни ѕидови и наклони, се гради командната зграда на станицата, се работи на изведба на фундаменти за монтирање на челични носачи на опрема во 400 kV постројка.

-Членовите на Управниот Одбор на чело со генералниот директор Бурим Љатифи, ја потенцираа важноста на овој капитален инфраструктурен проект и за државата и за регионот бидејќи со инвестицирање во преносната мрежа градиме добрососедски односи и се поврзуваме со цел, поголем економски просперитет и повисок стандард за граѓаните. Со проектот се заокружува електроенергетското поврзување со сите наши соседи, се овозможува поголема сигурност, стабилност и доверливост на нашиот електроенергетски систем, но и вклучување во сите регионални иницијативи за размена на енергија како и учество на пазарите на балансните и системски услуги, велат од МЕПСО.

Според компанијата, проектот за интерконективно поврзување со соседна Албанија е најголемата инвестиција во преносната електроенергетска мрежа. Опфаќа две компоненти а тоа се 400 kV далекувод ТС Битола 2 - албанска граница и изградба на ТС Охрид која ќе има 400 kV влез и излез, и три излеза на 110 kV ниво кон Охрид, Струга и Ресен. сст/

фото МЕПСО

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR