• e shtunë, 05 tetor 2024

Мелони за попладнево најави онлајн состанок на Г7 за кризата на Блискиот Исток

Мелони за попладнево најави онлајн состанок на Г7 за кризата на Блискиот Исток

Рим, 2 октомври 2024 (МИА) - Италијанскaтa премиеркa Џорџa Мелони денеска изјави дека нејзината земја ќе биде домаќин на состанокот на Групата седум (Г7) на кој тема ќе биде кризата на Блискиот Исток.

Мелони денеска му кажа на својот кабинет дека има „длабока загриженост“ поради најновите случувања, вклучително и ракетниот напад на Иран врз Израел и растечката нестабилност во Либан, соопшти нејзиниот кабинет, пренесе италијанската новинска агенција Анса.

Состанокот на Г7 ќе се одржи, како што е најавено, попладнево преку видео врска.

Иранската револуционерна гарда синоќа објави дека лансирала повеќе од 100 ракети врз Израел како одговор на неодамнешното убиство на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, лидерот на Хезболах Хасан Насрала и заменик-оперативниот командант на иранската Револуционерна гарда Абас Нилфорушан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по иранскиот ракетен напад, изјави дека Иран направил „голема грешка“ и дека ќе „плати за тоа“. рп/

Фото: АНСА

QËNDRONI TË LIDHUR