МВР Билтен
- На 29.03.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Ѓ.(37) и М.Т.(36), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје, 30 март 2025 (МИА) - На 29.03.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Ѓ.(37) и М.Т.(36), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Р.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 25.11.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против правно лице - угостителски објект од Берово, Г.Г.(42) од Берово - одговорно лице во правното лице и против вработената Д.К.(22) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“.
На 25.11.2023, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект и било констатиранио дека малолетници биле послужени со алкохолни пијалоци.
На 29.03.2025 во 18.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Братство единство“ и ул.Браќа Миладинови“ во Струмица, патничко возило „пежо 407“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39 - годишната М.С. од с.Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Струмица.
На 30.03.2025 во 03.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, било опожарено во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.И.(69) од Скопје.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.
На 30.03.2025 во 01.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Љ.С.(40) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници ко извршувале слушбени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок .
На 29.03.2025 во 20.00 часо на автопатот А1, во близина Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен проверки Богородица забележале патничко возило „бмв“ со српски национални ознаки во кое имало мигранти и кое не застанало на знак за запирање.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на патот помеѓу селата Војшанци и Пепелиште, неготинско и во него била пронајдени шест лица мигранти, од кои по три од Сирија и Египет. Мигрантите биле пренесени во прифатен центар и за настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.М.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „спречување на докажување“.
На 12.03.2025 во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле неколку пакувања со прашкаста материја, кои се обидел да ги проголта, но бил спречен.
На 29.03.2025 во СВР Скопје, Д.Х.(22) од с.Синѓелиќ, скопско, пријави дека на 28.03.2025 околу 17.35 часот на подрачјето на Гази Баба, тој и неговиот брат Н.Х. биле физички нападнати од Х.Х., Е.Х., Н.Х., А.Ф. и Ј.М., сите од Скопје, при што употребиле остар, метален и дрвен предмет и му нанеле повреда на раката.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.03.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје, К.Б.(38) од Скопје пријавил дека околу 16.00часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од И.Х.(44) од Скопје, кој употребил и метален предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 29.03.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје, Ф.И.(38) од Скопје пријавил дека околу 17.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговата малолетна ќерка била физички нападната од едно машко лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. сст/