• e shtunë, 16 nëntor 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 16 ноември 2024 (МИА) - На 16.11.2024 во 02.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А.(23) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.11.2024 во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.А.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.А. (28)  од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.  На 11.10.2024 на ул. „Финска“, полициски службеници извршиле  претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.    

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Ф.Р.(24) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 09.11.2024  околу 22 часот на локалниот пат Стојаково-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица извршиле преглед во патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, при што биле пронајдени девет лица мигранти, од кои седум од Ирак и двајца од Сирија.

На 15.11.2024 во 21.35 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Н.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.11.2024 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.11.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.11.2024 во 14.25 часот во с. Петровец, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.П.(34) од с.Кадино, скопско и Ф.З.(22) од с. Петровец затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.11.2024 во 16.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода К.П.(63) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.11.2024 во 03.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(34) од Република Албанија затоа што при пасошка и гранична контрола на увид приложил фалсификувана италијанска возачка дозвола. Возачката дозвола била одземена, а лицето било задржано во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.    

На 15.11.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, А.А.(56) од Скопје пријавил дека на ул.„Вардарска“ бил каснат од куче скитник.

На 15.11.2024 во 14.40 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Ш.(30) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.бт/

Фото: МИА Архива

QËNDRONI TË LIDHUR