• e premte, 25 tetor 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - На 24.10.2024 во 05.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(29) од с.Арачиново, скопско. Тој се сомничи дека денеска околу 05.30 часот во казино во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, со употреба на сила над вработениот, одзел пари од касата. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.10.2023 во 22.20 часот во село Габревци, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода И.А.(32) од село Габревци. Тој се сомничи дека истиот ден извршил тешка кражба во помошен објект во село Скоруша, општина Конче, сопственост на М.А.(50) од с.Лубница. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а И.А. бил задржан во Полициска станица Радовиш и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 23.10.2024 во 22.45 часот во Скопје, на патот за Теферич, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Е.И.(23) од Скопје, затоа што кај него билe пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.10.2024 во 16.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(21) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.10.2024 во 23.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Г.К.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.10.2024 во 20.15 часот во с.Ново Село, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода С.Н.(37) од с.Ново Село затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 23.10.2024 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода К.С.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 23.10.2024 во 17.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Т.М.(50) од село Пепелиште, неготинско.  На пат во атар на село Пештерница, неготинско, полициски службеници извршиле контрола на трактор „имт“ со приколка, управуван од Т.М., при што било утврдено дека превезува опожарени огревни дрва без документација. Лицето било приведено во полициска станица, предметите биле одземени, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 23.10.2024 во 21.20 часот на ул.„Григор Прличев" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Ј.Н.(29) од с.Мусинци и Е.Б.(22) од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Ј.Н. била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 23.10.2024 во 19.00 часот на ул.„Гоце Делчев" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Б.(45), С.А.(38) и Н.Ш.(29), сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај А.Б. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок. 

На 23.10.2024 во 20.04 часот во СВР Штип било пријавено дека во Казнено - поправната установа Затвор Штип била пронајдена прашкаста материја, марихуана и таблети. Во врска со настанот, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип извршиле службен разговор со Г.П.(36) од Куманово и В.Б.(41) од Св.Николе, кои издржувале затворски казни во установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.10.2024 во 14.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.,,Филип Втори Македонски“ и ул.,,Наум Наумовски Борче “ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди"со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(33) од Битола и мопед „хамачи" со битолски регистарски ознаки, управуван од К.Л.(20) од Битола. Во несреќата митоциклистот К.Л. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола. 

На 23.10.2024 околу 17.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на место викано „Бистровец“ во близина на Црно Езеро, Л.Б.(31) од с.Неготино, додека се движел со четрицикл, изгубил контрола и почнал да се лизга, при што скокнал од четирициклот и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. 

На 23.10.2024 во 18.50 часот на регионален пат Маврови Анови – Гостивар, на место викано „Влајница“, Ј.А.(18) од Гостивар, управувајќи  мотоцикл „бмв“ без регистарски таблички, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.А., констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото на несреќата  извршила екипа од ОВР Гостивар. 

На 23.10.2024 во 17.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Гевгелија, Р.И.(69) од Гевгелија, управувајќи мопед со гевгелиски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

На 23.10.2024 во 12.35 часот во Полициската станица Гази Баба, А.С.(44) од Инџиково, скопско, пријавил дека во населбата бил каснат од куче. 

На 23.10.2024 во 15.50 часот во Полициската станица Велес, И.П.(34) од Велес пријавила дека на улица „Коле Цветков“ во Велес, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник. ев/

ФОТО: МИА Архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR