• e mërkurë, 01 janar 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 29 декември 2024 (МИА) - На 28.12.2024 година  во 13.15 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К. (36) од Скопје. Лицето е лишено по претходна пријава од истиот ден според која А.К. пред трговски објект на подрачјето на Кисела Вода физички го нападнал В.Д. (46) од Скопје, и упатувал закани по живот од сопственикот и вработените во објектот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.12.2024 година во 13.10 часот во СВР Скопје, Д.Б.(36) од  село Чучер – Сандево, скопско, пријавил дека околу 13.00 часот додека се движел со неговото патничко возило „Фолксваген голф“ на подрачјето на Чаир, паднало зрно од огнено оружје и му го оштетило возилото. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 28.12.2024 година околу 10.50 часот полициски службенци од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор  Богородица, во товарно возило со полиприколка, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Скопје, управувано од Б.А.(49) од Скопје биле пронајдени пет лица од Сирија и едно лице – турски курд. Исто така, во друго товарно возило со полуприколка, со српски национални ознаки, управувано од П.Н.(41) од Република Србија, сопственост на правен субјект од Република Србија, биле пронајдени четири лица од Сирија. Мигрантите се предадени во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија  за понатамошна постапка, и се работи на расчистување на случајот. 

На ден 28.12.2024 година полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола со судска наредба извршиле претрес во домот на  Б. Ш.(27) од Прилеп. При претресот пронајдени биле 3.460 парчиња пиротехника. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна  пријава.

На 28.12.2024 година во 09.30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Методија Шаторов Шарло“ пред маркет го лишиле од слобода М.Ф.(70) од Битола бидејќи истиот бил фатен при извршување на кражба од маркет. По документирање на настанот против М.Ф.ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.12.2024 година во 22.00 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.П.А.(34) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени:  НН зелена растителна материја,  НН бела прашкаста батерија, семки од растение, 47 таблети и НН грутчеста материја. В.П.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител, и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.10.2024 година во 23 часот, на улицата „Јусуф Гарвала“ во Дебар, лишени од слобода се А.И.(30), Б.Т.(32) и Е.С.(33) и А.Б.(33), сите од селото Требиште, општина Маврово Ростуше. При контрола и преглед во патничко возило „Опел“ со гостиварски регистарски ознаки, полициските службеници пронашле и одзеле опојна дрога Марихуана, опаковка со бела прашкаста материја и една дробилка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 28.12.24 година во 22 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е Т.Б.(35) од Охрид кој претходно, бил агресивен и со остар предмет во рака, упатил закани кон сопственикот на објектот. По целосно документирање на настанот против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.12.2024 годива во 17.15 часот, полициски службеници од ПО-Галате го лишиле од слобода М.Р.(38) од село Врањовце, кој во семејната куќа физички ја нападнал неговата 65 годишна мајка, на којашто и нанел телесни повреди констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. М.Р. е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (29.12.) полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода К.Д.(23), Ф.И.(23) и Д.Т.(24) тројцата од Гостивар кои биле пријавени дека околу 01.45 часот пред угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.Тие се задржани во полициска станица за расчистување на случајот и против нив ќе следува соодветен поднедок.

На 27.12.2024 година во 11.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Росоман во близина на игралиштето во помошна просторија (штала) бил пронајден починат М.С. (56),  каде престојувал како бездомник. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 28.12.2024 година во 08.36 часот во СВР Скопје, Г. И. (59) од Кавадарци, пријавил дека во Дом за стари лица на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината неговата мајка Ц.И.(82) од Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција. ев/

ФОТО: МИА Архива 

 

QËNDRONI TË LIDHUR