• e shtunë, 27 korrik 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници вчера во 20.00 часот на подрачјето на Центар ги лишиле од слобода С.Џ.(24) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 17.00 часот во трговски центар во Скопје со закана со остар и со тврд предмет се обиделе од петмина малолетници да одземат пари. Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ по чл. 237 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик.

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 10.00 часот на улица „146“ во Тетово го лишиле од слобода А.А.(51) од тетовско, затоа што околу 08.50 часот, поради недоразбирање околу паркирање на возила, со пиштол му се заканил на Н.А.(54) од тетовска Мала Речица. При приведувањето, кај А.А. бил пронајден и одземен пиштол кубура, додека подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7.62мм, две рамки за пиштолот и 46 куршуми калибар 7.62мм. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север вчера околу 19.00 часот го лишиле од слобода Р.Ш.(64) од Тетово. Во близина на бензинска пумпа на Јадранска магистрала, во правец од Граничен премин Долно Блаце кон Скопје, при преглед на патничко возило „фолксваген“ караван со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека пренесува стока за широка потрошувачка, без соодветна документација. По насоки на јавен обвинител, известена е и Агенцијата за храна и ветерина, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по чл. 278 од Кривичниот законик.

Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 19.30 часот на плажа на брегот на Охридското Езеро во Охрид го привеле А.Ј.(20) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 16.40 часот во угостителски објект на брегот на Охридското Езеро во Охрид го привеле А.Б.С.(31) од Данска, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, грендер со остатоци од марихуана и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На булеварот ,,Македонски просветители“ во Охрид вчера во 23.30 часот полициски службеници од СВР Охрид го привеле М.К.(22) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22.00 часот ја лишиле од слобода Е.Т.(18) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, затоа што на улицата „11 Октомври“ во Куманово била затекната при питачење со две малолетни деца. Е.Т. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.   

Полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера во 11.45 часот во Кочани го лишиле од слобода Т.А.(40) од Кочани, затоа што околу 07.00 часот во семејниот дом се заканувал на својот 58-годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А.(66) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 09.07.2024, пријавениот испратил порака со заканувачка содржина на Љ.В.Т.(33).

Претставник на една политичка партија вчера во 13.58 часот во Полициската станица Центар пријавил дека на 23.07.2024 околу 18.15 часот од непозната електронска адреса на службените електронски адреси на неколку пратеници во Собранието била испратена порака со заканувачка содржина. За настанот е известена Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Д.(25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ при вршење семејно насилство и „демнење“. Пријавениот, во повеќе наврати упатувал пораки со заканувачка содржина на неговата поранешна партнерка, ја следел, а на 28.05.2024 ја пресретнал пред зградата во која живеела, при што ѝ упатил закани.

Денеска во 02.30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 25.07.2024 околу 20.50 часот пред влез од зграда на подрачјето на Центар, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Д.Н.(57), кој ја оштетил и влезната врата од зградата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.К.(60) од село Лажани, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 22.06.2024 во Лажани, пријавениот физички ја нападнал неговата малолетна ќерка.

Во СВР Скопје вчера во 21.00 часот било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.Д.(54) и А.Д.(35), од една страна, и В.Д.(33), М.Д.(56), М.Д.(35) и М.Д.(56), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.04.2024 во Градскиот трговски центар во Скопје, пријавените физички ги нападнале Л.Т. и С.А. од Скопје и им нанеле повреди.

Е.Г.(41) од Скопје вчера во 20.40 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 13.15 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот сосед К.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против П.Т.(32) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 08.07.2024 пријавениот во семејна куќа во виничко село физички ги нападнал М.Л. и П.Т..

Д.Ѓ.(19) од Скопје вчера во 20.00 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 18.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од В.Н., кој му се заканувал и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје вчера во 14.10 часот било пријавено дека во нотарска канцеларија на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу оставинска постапка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ј.(59) и С.С.(67), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 08.20 часот го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил пронајден и одземен коњ, за кој претходно во Полициската станица Аеродром во Скопје било пријавено дека е украден, заедно со уште два други коњи, кои биле ангажирани за учество во Илинденскиот марш. На ливада во близина на улица „Клинска“ во Кавадарци биле пронајдени и другите два коња и биле вратени на сопственикот. По документирање на настанот против И.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

А.Д.(35) од село Батинци, скопско, вчера во 18.20 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 15.20 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Ф.К., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 18.05 часот во СВР Скопје, 29 - годишна жена пријавила дека на 21.07.2024 околу 02.00 часот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Б.И.(22) од скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

А.Б.А.(76) од Скопје вчера во 12.30 часот во СВР Скопје пријавил дека на 22.07.2024 околу 19.30 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од неговиот сосед Б.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Б.Б.(49) од Скопје вчера во 20.30 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 17.10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба, двајца малолетници физички го нападнале неговиот малолетен син и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Р.(24) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 24.07.2024, пријавениот со употреба на сила одзел личен накит од С.Б. во нејзиното дворно место во Битола.

А.М.(55) од Скопје вчера во 15.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари пријавил дека неговиот син А.М.(32) од Скопје, кој истиот ден беше пријавен дека се оддалечил од својот дом, му пуштил видео снимка и му рекол дека се наоѓа во Белгија.         

С.Н.(55) од Гостивар вчера во 17.10 часот во ОВР Гостивар пријавил дека на улица „Панче Попоски“ бил каснат од куче скитник.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.А.(31) и П.Т.(35), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.12.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавената, каде бил затекнат второпријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, хероин и метадон.

Вчера во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 22.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, две лица фрлиле шишиња со запалива течност и предизвикале пожар на бетонска подлога пред гаражи од станбена зграда. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.Ј (29) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.11.2023 на ул.„11 Септември“ во Кичево, кога ги забележал полициските службеници, пријавениот се дал во бегство со патничко возило „мерцедес“, а по патеката по која се движел била пронајдена и одземена марихуана. Додека, при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени дигитална вага и марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 30.04.2024 било пријавено дека Б.И. следел две малолетнички и им упатувал недолични зборови.

СВР Велес поднесе кривична пријава против О.А.(35) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 30.05.2024, при сообраќајна контрола, пријавениот на полициски службеници на увид им приложил фалсификувана возачка дозвола издадена од Германија.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.К.(32) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 10.01.2024 на Граничниот премин Табановце, во багажниот простор во патничкото возило на пријавениот била пронајдена фалсификувана возачка дозвола.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Љ.Т.(36) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 22.06.2024 на објава на портал на социјална мрежа, пријавената објавила коментар со кој промовирала омраза и насилство.

СВР Велес поднесе кривична пријава против К.С.(62) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 02/06.06.2024, пријавениот во два наврати ја искористил платежната картичка на неговата сопруга и предизвикал материјална штета.

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти“. На 22.03.2024 во Прилеп, пријавениот се самозадоволувал пред малолетно девојче.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.С.(46) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство. Пријавениот, кој бил на привремена работа во Италија, подолг временски период преку социјални мрежи упатувал закани на неговата сопруга, а ги вознемирувал и нивните деца.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С (57) од село Попоец, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во својство на инвеститор, узурпирал земјиште во државна сопственост и започнал градежни активности без да поседува одобрение од надлежен орган. вј/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR