• e martë, 18 mars 2025

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Париз, 17 март 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше храброст да го прифати предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот. Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир. Доста е смрт, напиша денеска францускиот претседател Емануел Макрон на „Х“.

Тој додаде дека „злоупотребата и саботажата мора да престанат“ и дека депортираните украински деца мора да бидат вратени на нивните семејства.

-Доналд Трамп е посветен на планот, рече Макрон, нагласувајќи дека за тоа разговарал со американскиот претседател вчера.

Макрон, исто така, ја истакна потребата од „цврсти безбедносни гаранции за Украина“ и сигурен траен мир во Украина и Европа. мс/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR