• e hënë, 31 mars 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Макрон: По мировниот договор, во Украина ќе бидат распоредени „сили за безбедност“

Макрон: По мировниот договор, во Украина ќе бидат распоредени „сили за безбедност“

Париз, 27 март 2025 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека во Украина ќе бидат распоредени „сили за поддршка на безбедноста“, кои ќе служат како гаранција за стабилноста на земјата, веднаш по постигнувањето мировен договор.

Тој нагласи дека овој концепт е различен од претходно дискутираните „мировни сили“.

Макрон објасни дека иницијативата потекнува од Велика Британија и Франција, како одговор на барање од Украина.

Францускиот претседател подвлече дека силите се сè уште во фаза на планирање, но дека нивната улога нема да биде да ги заменат мировните трупи задолжени за одржување на примирјето.

- Во овие сили ќе учествуваат повеќе држави, но тие нема да бидат распоредени на линијата на фронтот, туку во стратешки области, додаде Макрон.

Тој исто така посочи дека не сите земји учеснички на самитот во Париз изразиле подготвеност да се приклучат на оваа иницијатива.

- Не постои едногласност, призна Макрон, но нагласи: За ова не ни е потребна едногласност.

- Овие стабилизациски сили нема да бидат замена за мировните трупи на линијата на фронтот, ниту за силната и робусна украинска армија, заклучи Макрон, најавувајќи дополнителни разговори на оваа тема. ссм/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR