• e diel, 06 tetor 2024

Макрон не ја прифати оставката на Атал

Макрон не ја прифати оставката на Атал

Париз, 8 јули 2024 (МИА) – Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска побара од премиерот Габриел Атал засега да остане на својата функција поради стабилноста на земјата, соопшти Елисејска палата.

Претходно, Атал пристигна во Елисејска палата за да поднесе оставка по вчерашните парламентарни избори на кои центристичкиот сојуз не успеа да го задржи мнозинството.

Атал најави дека доколку Макрон не ја прифати неговата оставка, ќе продолжи да ја извршува функцијата технички премиер додека не се утврди неговиот наследник во договор со новото парламентарно мнозинство.

Тој е премиер на Франција од јануари годинава, по реконструкцијата на Владата и разрешувањето на Елизабет Борн од премиерската функција. ми/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR