Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ
- Францускиот претседател Емануел Макрон ги пречека светските лидери кои вечерва присуствуваат на отворањето на Олимписките игри во Париз.
![Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ](https://mia.mk/images/20240726194132_big_730x400_61.webp )
Париз, 26 јули 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон ги пречека светските лидери кои вечерва присуствуваат на отворањето на Олимписките игри во Париз.
„Драги пријатели, добредојдовте“, објави Макрон на Х со заедничка фотографија во Елисејската палата каде приреди прием за светските лидери и претставници на меѓународните организации.
Вечерва официјално почнуваат 33-те Летни олимписки игри кои ќе траат до 11 август. јт/
Фото: Х