Македонските уметници Митоска и Невчева вечер ќе настапат на Меѓународниот фестивал на камерна музика во Драч
- Истакнатите македонски уметници Ана Митоска – сопран и Јанинка Невчева – пијано вечер ќе настапат на Меѓународниот фестивал на камерна музика во албанскиот град Драч.
Тирана, 11 јули 2025 (МИА) - Истакнатите македонски уметници Ана Митоска – сопран и Јанинка Невчева – пијано вечер ќе настапат на Меѓународниот фестивал на камерна музика во албанскиот град Драч.
Настапот е во 19:30 часот, а го овозможи Македонскиот културно - информативен центар во Тирана по воспоставената соработка со овој престижен меѓународен фестивал за камерна музика што годинава се одржува 20-ти пат.
-Нивниот концерт е дел од заложбите за продлабочување на културната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, преку промоција на високи уметнички достигнувања и размена на музички вредности, објави КИЦ.
Според КИЦ, овој настап е уште една потврда за важната улога на македонските музичари на регионалната културна сцена, како и за посветеноста на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана за афирмирањето на македонската уметност во Албанија. вт/мч/