Македонските кошаркарки немоќни против Украина во евроквалификациите
- Македонската женска кошаркарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Украина со 98-49 во рамки на квалификациите за Европското првенство 2025.
- Post By Емил Гашевски
- 19:50, 7 nëntor, 2024
Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) – Македонската женска кошаркарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Украина со 98-49 во рамки на квалификациите за Европското првенство 2025.
За избраничките на селекторот Александар Ашаданов ова е трет пораз во третиот натпревар по кој се последнопласирани во квалификациската група Г.
Најефикасни во македонските редови беа Митрашиновиќ со 17 и Хемпе со 16 поени,
Во следното четврто коло, македонските кошаркарки в недела ја пречекуваат Португалија.
Европското првенство за кошаркарки во 2025 година ќе се одржи во Чешка, Германија, Грција и Италија. ег
ФОТО: КФСМ