Лекарската комора ќе додели лиценци за работа на доктори
- Лекарската комора денеска свечено ќе додели лиценци за работа на доктори на медицина, на настан организиран по повод одбележување 20-годишен јубилеј од нејзината работа.
- Post By Блаже Дарудов
- 07:18, 25 shkurt, 2025

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - Лекарската комора денеска свечено ќе додели лиценци за работа на доктори на медицина, на настан организиран по повод одбележување 20-годишен јубилеј од нејзината работа.
Како што информираат од Лекарската комора, оваа година се навршуваат 20 години откако Комората, согласно Законот на здравствена заштита, доби овластувања да организира полагање стручен испит, да издава лиценци за работа и да акредитира настани од континуирана медицинска едукација. бд/хс/
Фото: Веб-страница на Лекарска комора на Република Северна Македонија