• e enjte, 09 prill 2026

Брод со мигранти потона во Ла Манш, четворица мртви

Брод со мигранти потона во Ла Манш, четворица мртви

Кале, 9 април 2026 (МИА) - Четири лица го загубија животот кога гумен чамец со мигранти потона во водите на каналот Ла Манш при обид да доплови до брегот на Велика Британија - соопштија локалните власти во Кале.

Во тек е обемна акција за потрага и спасување, а властите наведуваат дека бројот на загинати може да порасне.

Гумените чамци, какви што најчесто користат оние што се занимаваат со шверц на луѓе за превоз на мигранти од северните делови на Белгија и на Франција до Британија, властите ги нарекуваат „такси-бродови“.

Според податоците на Опсерваториумот за миграции при Универзитетот во Оксфорд, во првите два месеци оваа година Ла Манш го преминале речиси 2.200 мигранти, а минатата година преку каналот на британска почва пристигнале пристигнале 41.500 мигранти. аб/сд

фото/МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR