• e shtunë, 19 tetor 2024

Кустурица бара обвинителството да покрене постапка против ТВ Пинк поради монтирано видео за него

Кустурица бара обвинителството да покрене постапка против ТВ Пинк поради монтирано видео за него

Белград, 17 октомври 2024 (МИА) – Режисерот Емир Кустурица побара од Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград да покрене постапка и да побара отстранување на „навредлива синтетизирана аудио и видео снимка“ емитувана на телевизија Пинк за Кустурица, соопшти денеска адвокатската канцеларија Томановиќ.

- Незаконската употреба на вештачка интелигенција за создавање лажни и монтирани снимки, познати како „дипфејк“ (deepfake), во многу земји е препознаена како општествено опасна за демократското општество, основните човекови права, но и за безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението.

Кустурица преку својата адвокатска канцеларија побара Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) да покрене постапка против ТВ Пинк, а Високиот суд да донесе времена мерка и да му забрани на сопственикот на таа телевизија, Жељко Митровиќ, дополнително емитување и промовирање „незаконска обработка на лик и глас“.

- Непримерен е обидот на креаторот на фалсификатот да ја оправда навредата и незаконското однесување со наводна сатира, бидејќи видеото не е ниту сатира, ниту уметнички, ниту некаков законски дозволен облик на изразување, туку законски забрането дело спротивно на јавниот интерес, се додава во соопштението. јт/

Фото: ЕПА

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR