Мицкоски: Коцевски имаше можност да се покаже како бескомпромисен борец за правдата, доблесно би било сам да се повлече
- -Не би го коментирал него повеќе. Јасно кажа Владата, тој имаше доволно можност да се размавне, да покаже бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомневање за сторен криминал, но очигледно дека барањето изговори и купувањето време се нечија карактерна особина, така што мислам дека имаше доволно време да покаже, за жал таа доверба не ја оправда и сега Владата отпочнува еден процес, денеска бев во Парламентот тој процес започна во Парламентот, во Парламентот и ќе заврши, така што мислам дека чесно и доблесно би било од него самиот да се повлече, да го скратиме овој период да можеме да избереме обвинител кој ќе биде бескомпромисен борец против криминалот и корупцијата во Македонија, рече Мицкоски по посетата на Кавадарци.
![Мицкоски: Коцевски имаше можност да се покаже како бескомпромисен борец за правдата, доблесно би било сам да се повлече](https://mia.mk/images/20250212145011_big_730x400_16.webp )
You need to login to view this page