Костадиновски: Предупредувам дека за еден месец истекува рокот кој му го дадовме на Собранието да интервенира во одредбите за мета-податоци
- СООПШТЕНИЕ - Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски предупреди дека за еден месец истекува рокот којшто Уставниот суд му го даде на Собранието за да направи измени во Законот за електронските комуникации, во врска со трите члена кои опфаќаат задржување на „мета податоци” кај операторите. Костадиновски апелираше дека доколку Собранието не ги донесе измените, постои опасност по безбедноста на државата да нема надлежност да собира од граѓаните мета-податоци, кои се клучни во откривање на евентуални кривични дела.

You need to login to view this page