Конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство
- - На денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство членовите на работната група едногласно го избрале министерот за правда Игор Филков за претседавач на ова тело. На седницата, како што информираат од Министерството за правда, е дискутирано за Деловникот на работа и начинот на работа на работната група.
- Post By Фатиме Фазљији
- 16:22, 9 mars, 2026
Скопје, 9 март 2026 (МИА) - Во Министерството за правда денеска се одржа конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство, со која ќе претседава министерот за правда Игор Филков. На седницата, како што информираат од Министерството, е дискутирано за Деловникот на работа и начинот на работа на работната група.

Следната седница на работната група за реформи во изборното законодавство е закажана на 23 март, а на членовите на работна група ќе им биде доставен текстот на измените на Изборниот законик кој ќе биде работен документ а го подготвило Министерството за правда во јуни 2025 година и во којшто се вметнати препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
Министерот за правда Игор Филков изјавил дека целта е да се изгради стабилен, кредибилен и инклузивен изборен систем, усогласен со европските стандарди и добрите меѓународни практики.

-Овој процес бара политичка зрелост, дијалог и консензус. Очекувам конструктивна дебата и активно учество од сите членови, затоа што реформите во изборното законодавство се од суштинско значење за демократскиот развој на државата и зајакнување на довербата на граѓаните во изборниот процес, посочил Филков.
Потенцираат дека Министерството за правда останува целосно посветено на транспарентен и ефикасен процес, со јасна динамика и конкретни резултати во периодот што следува. фф/ев/
Фото: Министерство за правда