• e martë, 10 mars 2026

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Скопје, 9 март 2026 

Експертот за кризи, хирургот на Заев, Филипче, човекот кој во време ковид кризата, наместо набавка на ракавици, каљачи, маски и така натаму, договараше провизии за вакцини, нема кредибилитет да дели совети како треба да се постапи, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално.

Изгледа Венко живее во некој свој свет, во којшто е само тој со Заев, Башановиќ и уште двајца тројца, па нема кој да му каже дека Владата си ја врши својата работа без тоа да биде помпезно најавувано во јавноста, како во нивно време.

Впрочем, некои од мерките кои Филипче ги „предлага“, веќе беа споменувани дека би се презеле за намалување на штетата од евентуалната криза.

Филипче и СДС нека не се грижат, не одиме по нивните стапки. Совети од експерт за крадење во време на кризи, не бараме.

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR