• e diel, 27 tetor 2024

Комисијата за помилување поднесе колективна оставка

Комисијата за помилување поднесе колективна оставка

Скопје, 26 октомври 2024 (МИА) - Професорот Гордан Калајџиев и член на Комисијата за помилување вечерва на неговиот ">фејсбук профил информираше дека членови на Комисијата поднеле колективна оставка.

-Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на Комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи, стои во објвата на фејсбук профилот потпишана од Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, Др. Зора Митиќ, М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска Ајтен Шаќири.

 Оставката следува по превирањата во јавноста за помилувања од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. вг/

Фото: МИА Архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR