• e shtunë, 13 dhjetor 2025

Кисела Вода и Агенцијата за катастар на недвижности: Засилена соработка за поефикасна услуга

Кисела Вода и Агенцијата за катастар на недвижности: Засилена соработка за поефикасна услуга

Скопје, 11 декември 2025 (МИА) - Во Општина Кисела Вода денеска се одржа средба меѓу градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски.

Како што информират од општината, разговорот бил насочен кон зајакнување на соработката меѓу двете институции, со фокус на подобрување на услугите кон граѓаните, поголема достапност до податоци и унапредување на дигиталните процеси.

-На средбата беше договорено дополнително зајакнување на оваа соработка, особено во делот на дигиталните сервиси, со што граѓаните ќе добијат побрзи административни постапки и намалени трошоци, без потреба од непотребни чекори и обраќања кон повеќе институции. Беше констатирано дека модерното и транспарентно управување со податоци е неопходно за развој на општината, подобро планирање и подигнување на квалитетот на услугите, се наведува во соопштението.

Посебен акцент е ставен на можностите за интеграција на дел од дигиталните системи и олеснет пристап на општината до катастарските податоци, што ќе придонесе за побрзо постапување по барањата на жителите и поголема ефикасност при издавање документи и спроведување урбанистички процеси, 

- Како општина која силно инвестира во дигитализација, наш приоритет е граѓаните да добиваат услуга брзо, ефикасно и без непотребни административни бариери. Со Агенцијата за катастар на недвижности имаме заедничка цел, да обезбедиме поголема достапност на услугите и унапредено управување со податоците. Денешната средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски ја гледам како значаен чекор напред, бидејќи интегрирањето на системите и размената на информации ќе овозможи побрзо решавање на имотно-правните и урбанистичките постапки. Сето ова е дел од нашата заедничка стратегија да ја направиме Општина Кисела Вода модерна, ефикасна и лесно достапна за сите жители, каде граѓаните ќе можат брзо и безбедно да ги завршуваат своите административни обврски- изјавила градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.свс/са/

Фото: Општина Кисела Вода

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR