Кејн: Убедени сме дека можеме да го поминеме Интер
- Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн ги сподели своите очекувања за реваншот против Интер во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Милано, 16 април 2025 (МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн ги сподели своите очекувања за реваншот против Интер во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
- Убедени сме дека можеме да промениме сè, иако се можеше да испадне поинаку на првиот меч. Мораме да играме подобро отколку на првиот натпревар, посмирено. Ни следува предизвик за кој сме подготвени. Веруваме дека можеме да го поминеме Интер, изјави Кејн за германските медиуми.
Баерн ќе игра на гости кај Интер вечер од 21 часот. Тимот од Минхен загуби од Интер во првиот натпревар на свој терен - 1:2.
Победникот од оваа двојка ќе игра против Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите. зс/
Фото: ЕПА