• e enjte, 13 shkurt 2025

Кевин Спејси повторно обвинет за сексуален напад

Кевин Спејси повторно обвинет за сексуален напад

Лос Анџелес, 13 февруари 2025 (МИА) - Американскиот глумец Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуален напад. Имено, во Велика Британија, денеска против него е поднесена граѓанска тужба пред Високиот суд во Лондон, нешто повеќе од 18 месеци откако беше ослободен од сите обвиненија во претходното кривично судење.

Според судските документи, предмет се води и против лондонскиот театар „Олд Вик“, каде што Спејси работи како уметнички директор од 2003 година, но подобности за тужбата не се достапни.

Обвинителската адвокатска канцеларија потврди дека тужбата е поднесена.  си/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR