Катар: Продолжуваат дипломатските напори за организирање на разговори САД – Иран
- Напорите продолжуваат многу интензивно, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал Ансари, на прес-конференција во Доха
- Post By Марина Илиевска
- 17:09, 3 shkurt, 2026
Доха, 3 февруари 2026 (МИА) – Катар денеска соопшти дека продолжуваат интензивните дипломатски напори во регионот за организирање со разговорите помеѓу Иран и САД.
- Напорите продолжуваат многу интензивно, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал Ансари, на прес-конференција во Доха.
Тој додаде дека Катар соработува со соседните земји, но и со пријателските држави, при тоа наведувајќи ги Турција, Египет, Оман и Саудиска Арабија.
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан претходно на платформата Икс објави дека му наложил на министерот за надворешни работи Абас Арагчи „да води фер и правични преговори, водени од принципите на достоинство, разумност и целесообразност“ додавајќи: „под услов да постои соодветна средина – таква без закани и неразумни очекувања“.
В петок е предвидена средба на Арагчи со американскиот специјален претставник Стив Виткоф во Истанбул, на која ќе се разговара за иранската нуклеарна програма. ми/
фото: МИА архива