• e diel, 30 mars 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Канцеларија за буџет на Конгресот: САД се соочуваат со веројатен ризик од неплаќање

Канцеларија за буџет на Конгресот: САД се соочуваат со веројатен ризик од неплаќање

Вашингтон, 26 март 2025 (МИА) - Американската влада се соочува со ризик од неплаќање на некои од плаќањата поврзани со националниот долг на земјата. Доколку американскиот Конгрес не преземе мерки за зголемување на плафонот на долгот, тоа би можело да се случи во август, а многу веројатно да се случи и на крајот на мај. Оваа прогноза на Канцеларијата за буџет на Конгресот беше објавена денеска.

Моментално американскиот национален долг изнесува 36,215 трилиони долари, според официјалната веб-страница на американската влада.

Американските пратеници постојано ги одложуваа преговорите за зголемување на лимитот на националниот долг до последен можен момент, што предизвикува несигурност на финансиските пазари. паг/

Фото: МИА архива

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR